..

......Антимакедонско новинарство

Антимакедонско новинарство Дали во Македонија имаме само шпекулативно, непроверено, неиздржано новинарство? Дали некои весници се целосно потплатени од нашите соседни држави? Прашања кои што деновиве ми се провртеа низ мојата глава. Случувањата во чувствителниов македонски период ми ги донесоа следниве одговори. Досега навистина не обрнував внимание на креирањето на јавното мислење од страна на весниците, и немав сватено колку била лоша сета оваа работа се додека бесплатниот дневен весник Шпиц не ја покажа својата крајна несериозност, и тргна строго против народот и нашата земја Македонија. Постојано ширење на невистини, постојано непроверени, неиспитани информации. Едно крајно неновинарско работење. Постојано газење на македонското, постојано водење на една антимакедонска политика, при што сето ова стана навредливо за целиот Македонски народ. Деновиве сите вие имавте можност во дневниот весник шпиц да прочитате голема невистина за веб сајтот macedonia-blog.blogspot.com, и културното здружение македонско братство. Од едно патриотско, обединувачко, подржувачко здружение на целиот македонски народ која што ја претставува правилната историја, која што се бори против вековно постоечките пропаганди, успеаа толку да ја извртат целата работа што нешто толку чисто го претставија како опасно, националистичко, радиклно. Нашата новинарка Благица Иванова сакаше да го убеди народот дека патриотството е лошо, проба да ја искриви толку многу работата, а сетоа тоа сакаше да го постигне служејќи се само со невистини, со недоволно истражување и лошо протолкување на тоа што е прикажано. По реакциите на правите македонци подржувачи на идеата на Македонско Братство и по сваќањето на гршката која што ја направила, објавуваќи неточни информации, пратила меил до Македонски блог, пробувајќи да се спаси од кашата која што сама си ја надробила. Меилот соджел одговор на поканата од Македонски блог за кафе и разговор, при што и било понудено претставување на нивните цели и идеи. По пратениот меил , Македонски блог и испратило телефон за контакт. При што Благица повторно изреагирала несовесно: “Ние најкултурно прифативме да се видиме. Дури и оставивме и наш телефон се со цел да и ги објасниме нашите цели и да го добиеме извинувањето кое што ни го должат затоа што една чиста работа се обидоа да ја оцрнат на најлош можен начин. При што се слушнавме со Благица и откако и беше напоменато дека разговорот ќе биде снимен за да не може да се искористи поинаку и да не биде испревртен, таа ја спушти слушалката. По неколку минути имавме нов повик од неа, се обидуваше да не зазборува , но откако и кажавме дека ништо нема да проговориме доколку не снимиме, се таа повторно го прекина контактот со нас.’’ Зошто некои новинари би му забранувале на својот народ, да си ја сака својата земја, зошто на некој би му сметало доколку група луѓе се обединиле за да направаат нешто добро за Македонија. Зарем не им е срам на оние што се борат за слободен печат, да ја укинуваат слободата на говорот на целиот свој народ и не му дозволауваат да се бори за она што е правилно. Дали еден дневен весник има права да суди на оние кои што се борат за подобро македонско утре, и зошто новинарите да и наштетуваат на својата држава?

Непријатели на се македонско!

Обединување на Пиринска, Егејска со Вардарска Македонија, војна и етничко чистење, антигрчка и антибугарска пропаганда, експлицитни слики со мртви тела, како и целосно отфрлање на македонските институции, закони и судови, се бара преку неколку интернет-портали. На сајтовите стои дека се изработени од членови на здруженија, еден од нив е сајт на „Македонско братство“, додека за друг пишува дека го изработува таканаречената „Македонска фаланга“. Двете здруженија својата програма ја претставуваат преку интернет-порталите њњњ.македонскафаланга.цјб.нет и њњњ.мацбро.орг, а за себе велат дека се патриотски и националистички организации.
На сајтовите каде што преовладуваат црвената и црната боја, како и знамиња со сонцето од Вергина и две лавчиња што се борат, нема детали за тоа колку членови имаат, кој им е лидер и дали се вооружени. Во статутот на едната од нив пишува дека се вооружува со пари од членарина и од донации.
Во еден член од статутот на фалангата, која се нарекува и тајна македонска револуционерна организација (ТМРО), пишува дека „секој што е против целите на организациите е легитимна цел за уништување“.
Адресата на нивниот сајт беше впишана како коментар на интернет-изданието на весникот „Шпиц“, наменет за текстот што го проблематизира постоењето на нацистичките сајтови во земјава.
На форумот на „Македонски блог“, пак, под темата „како да се справиме со Шиптарите во Македонија“, се препорачува „етничко чистење, направете им бебиња, па ќе видите како ќе престанат да се множат, воена интервенција или отцепување“.
Ваквите пораки за професорката по уставно право, Тања Каракамишева, директно го кршат уставното начело, кое забранува повикување воена агресија и со кое се забранува разгорување верска, национална и расна омраза.
- Пораките се доволни за јавниот обвинител да реагира и да собере докази за да види дали може да покрене постапка. Ваквите случаи се водат и како кривични дела против државата. Доколку сторителите не се познати, обвинителот може да поднесе пријава против непознат сторител - вели Каракамишева.
На порталите може да се најдат и експлицитни и вулгарни фотографии и фотомонтажи, каде што се исмејуваат и се понижуваат припадниците на етничките групи што живеат во Македонија, како и припадниците на соседните народи.
Министерството за внатрешни работи објаснува дека тие ќе реагираат тогаш кога државниот обвинител ќе побара од нив, зашто тој е надлежен да ги следи и да ги набљудува информациите во јавните гласила.

ОДГОВОР ОД МАКЕДОНСКИ БЛОГ

Ако од Maкедонски блог ви изгледале за сомнителни тогаш навистина не знам како би требало да изгледаат несомнителните. Оние „сомнителни“ кои ги видовте околу 80% се студенти и повеќето се со висок просек на своите факултети. Информатика, новинарство, педагошки, машински, филолошки, правен, археологија… Останатите се средношколци. Повеќето се одлични ученици, поретко многу добри и НИТУ ЕДЕН со успех подолу од многу добар. Ако погледнавте во нивните чисти лица и ако ви изгледаа сомнително, јас навистина не знам дали воопшто имате очи за гледање. Осудивте, а не кажавте врз основа на што ви изгледаа „сомнително“.
И повторно велите дека страната изобилува со радикализам, но не извлековте ниту еден цитат за да го покажете радикализмот. Ние немаме проблем со мултикултурноста, имаме проблем со оние кои мултикултурноста ја сфатиле со бришење на културите, вклучувајќи ја и нашата. Кој е тој кој ќе ја афирмира сопствената култура освен оние кои се нејзини припадници. Зарем ние треба повеќе да пишуваме за Јохан, или Џони, или Сергеј, а да не смееме пред се да пишуваме за Александар, Јустинијан, Кирил и Методиј, Самоил, Кастриот Мисирков, Делчев, Ченто, Конески, Проески.
Оние зборови кои ги извлекувате во долниот дел од текстот ви се земени од форумот. Најпрво погрешно сте ги сфатиле форумите. Како место на масовно изразување форумот има многу елементи како на стадион. На стадион се слуша сосема сериозен гнев, псовки, закани и истите луѓе излегуваат и никому ништо. Дали на милион закани ќе се најде еден будала да направи нешто од заканите. Така и на форумите денес сме навредени од Саркози или Груевски или Црвенковски и ќе го плукаат. Утре ако се слушне нешто добро ќе го фалат. На форум кој сака да види може лесно да распознае која тема е сериозна, а на која луѓето се испукуваат. Повеќето од зборовите кои ги употребувате во текстот на критиката се зборови од деца од 15-17 години кои соодветно на возраста ИМААТ ПРАВО ДА СЕ ИЗДУВААТ, но тука се повозрасните, студентите кои ако притреба тука се тоа да го канализираат.
Не веруваме во крвта, но веруваме во Духот. Народ кој не живее во еден дух и се дели на табори ќе се раздели и ќе пропадне. Тоа ни е битно бидејќи тоа ќе ги ослаби и погоди нашите личности бидејќи народносната припадност има значаен удел во личноста на секоја единка. Нашата главна цел е сложноста и единството меѓу нас Македонците, што е предуслов за сложноста меѓу луѓето општо. Вашиот став против единството на нацијата е апсурден и дали има потреба да се коментира. Народот си има своја личност, ако нема личност тогаш не би се ни делеле на народи, не би постоел ни поимот народ. Личноста си има свое одредување, таа не може да биде било каква, таа мора да биде некаква. Народот како и поединецот треба јасно да си ги знае СУШТИНСКИТЕ особини на својата личност. Треба да си има свои верувања, принципи, вредности. Ќе ве замолам ако сте Македонец, објаснете ми кои се за Вас суштинските особини на македонската личност. Ако не сте Македонец, тогаш не сте меродавен да го одредувате тоа. Ако нашите вредности се во судир со вредностите на другите народи тогаш треба да ги споредуваме и оние кои се подобри да ги земеме во нашата македонска личност. Но исто така ако имаме некои вредности кои се подобри од другите народи, тие ќе треба да се поучат од нас. Но за тоа треба да се води разговор и полемика. Најбитен е НАЧИНОТ на кој се води тој разговор односно да не дојде насилно наметнување на своите гледишта. Меѓутоа она што го правите со претходното одземање на правото да ги промовираме традиционалните вредности кои доминираат кај македонскиот народ како што се Православното Христијанство, македонскиот јазик, македонското кирилично писмо, македонските ознаки, македонскиот однос кон семејството, бракот и да ги промовираме нивните вредности наспроти вредностите на другите народи е веќе показател дека на нашата култура сакате да и наметнете квазикултура подзаскриено со оправдувањето на мултикултуризмот. Јасно е дека човек не може да биде истовремено и христијанин и муслиман и атеист (освен ако не е шизофреничен). Сосема нормално е дека ние ќе ги промовираме христијанските вредности, не знам зошто ви смета тоа. Тоа е наше право посебно ако се знае дека барем 70% од македонската култура е поврзана со Православното Христијанство. Користењето на мултикултиризмот како причина за обвинување на нашата желба да ги промовираме сопствените вредности е нешто слично како освојување на физички и општествен простор во името на човековите права, кое верувам ви е добро познато. Како тоа за се мора да се бара шарено решение!? Потребни се мешани организации за меѓусебно разбирање и ние како поединци членуваме во нив, но потребни се и чисти организации во кои разговор ќе водат само оние кои се поблиску по мисла, род или убедувања.
Ако е погрешна реченицата, „секој Македонец треба да го сака својот брат поради тоа што е Македонец“, тогаш исто така погрешна ќе биде реченица „секој човек треба да го сака својот брат затоа што е човек“. И двете реченици не исклучуваат љубов кон останатите но промовираат „безусловна“ љубов кон блискиот дури и при „погрешно однесување“ што ќе кажете е уште поблагодатна љубов соодветна на христијанската љубов да бидат љубени блиските и кога грешно постапуваат.
Ќе бевте пофер ако текстот на пораката која ве поттикна за критичниот текст кон МкБ го објавевте заедно со критиката. Или се плашевте дека тој текст ќе ги привлече луѓето повеќе од Вашата критика.
Прифатливо е ако одредено момче во пубертетска возраст се искаже непромислено, ама ненормално и неприфатливо е кога возрасни НОВИНАРИ се сведуваат на однесување како 15 годишни пубертетлии.

Најдобро ќе беше своите мисли културно како постари кон помлади да ги искажевте на форумот. Да ги поучевте и ако наидевте на необразложено отфрлање, тогаш ќе стекневте право да критикувате. Но и тоа не го сторивте од стравот дека Вашата „мултикултурна“ филозофија ќе паднеше во вода како филозофија без покритие. Тоа покажува кои сее овде нацистите, фашистите… и се што изрековте.

Како дополнение на „радикализмот“, „нацизмот“ на Македонски блог против кој треба да се буни македонската интелегенција. Имаме редовни и добри контакти и односи со многу интелектуалци. Пример со Д-р Т. Чепреганов (директор на институтот за Национална Историја), проф. Д-р Наде Проева, проф. Аристотел Тентов, Д-р Бранко Ристески (директор на институтот за Старословенска култура), проф. Д-р Златко Жоглев (ректор на универзитетот Св. Климент Охридски) некои музејски работници, свештеници од Македонската Првославна Црква, етнолози, археолози, новинари, невладини организации… исто така и со јавни личности од областа на политиката пример Тодор Петров (претседател на СМК), Миленко Неделковски (предводник на МЦИ), С. Ангелов (преседател на здр на бранители Достоинство) и многу други организации и поединци директно како Клубот KND од Охрид или посредно преку некој наш член. И ниеден од нив не сметаше дека нашите заложби се штетни и погрешни. Напротив кај сите наидовме на радосен прием и поддршка. За да нема сомневање за работата на клубот KND од Охрид сме ги запознале и лица од полиција и се било во ред. Како тоа Вам ви бевме сомнителни со радикален национализам. Ако сакате можеме слободно и заедно да испиеме кафе, да продискутираме за македонските прашања, со цел да го запознаете „радикализмот“ на Македонски блог. Впрочем Вашиот колега новинар, довчерашен заменик уредник на Шпиц, Жарко Јорданоски, мој многу близок пријател беше неколку пати поканет на нашите состаноци и предавања. Не дојде поради неговата презафатеност но и без тоа беше комплетно запознат со работата на Македонскијот Блог и Македонско Братство.
НЕМА ДА ВИ УСПЕЕ ОД НАС И НАШАТА ИСКРЕНА ЉУБОВ КОН МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНИЗМОТ ДА НАПРАВИТЕ ИСФРУСТРИРАНИ И ОЧАЈНИ РАДИКАЛИСТИ.